Луксузни Апартмани

Претставување на нов комплекс

Во изградба е ПРВИОТ ПРЕМИУМ станбено-деловен комплекс БИСИ КАРПОШ! Објектот се гради на улица Лондонска во најубавата скопска урбана населба ТАФТАЛИЏЕ 1.
Во состав на комплексот се наоѓаат:
● 1.400m2 деловен простор со висина од 5m;
● 11.300m2 станбен простор од 40m2 до 172m2;
● 214 паркинг места на 4 подземни нивоа;
● 62 високи (3,4m) подруми од 5m2 до 25m2!

Во непосредна близина се наоѓаат CITY MALL, пазарот Тафталиџе, кејот на Вардар, како и градскиот парк. До објектот на БИСИ КАРПОШ се лоцирани и некои од најдобрите образовни центри во Македонија: приватни и јавни градинки, НОВА, Yahya Kemal, ОУ Јан Амос Коменски, СУГС Никола Карев, како и комплексот на ТЕХНИЧКИ факултети.
Комплексот има УЛТРА модерен лик! Оригинална архитектура од 3 РАЗЛИЧНИ ФАСАДИ! Идеален склоп на структурална, вентилирачка и демит фасада! Во нивната изведба се користат првокласни материјали (alucobond, стакло, colorplast, алуминиум) кои даваат УНИКАТЕН дизајн на БИСИ КАРПОШ!
Објектот ќе биде опремен со 6 модерни, брзи и исклучиво безбедни лифтови од светски реномиран производител (сертифициран со највисоката А класа на енергетска ефикасност). Сите кабини се специјално дизајнирани и ќе бидат дел од специфичната структура на комплексот БИСИ КАРПОШ. Лифтовите ќе имаат 24-часовен сервис.
Најнапредниот алуминиумски сервис од светскиот бренд ALUMIL и четири-сезонското ТРИСЛОЈНО стакло обезбедуваат неспоредливо НАЈВИСОКА термо и звучна изолација! Вградените високи “француски“ прозорци и вонстандардните стаклени површини на структуралната фасада даваат дополнителна светлина во сите станови! Мермерни парапети ќе бидат поставени под сите светлосни отвори!
Екстра безбедносни огради на сите балкони и високи прозорци составени од сигурносно ламинирано 5.5.1 стакло со хромирана алуминиумска шина и ракохват поставени врз мермерен парапет.
Надворешни нестандардни 220cm BLINDOR врати, опремени со 2 сигурносни брави за најголема заштита. Вратите се внатрешно обложени со дополнителна камена волна за звучна изолација!
Внатрешни CPL ламинирани масив врати, со 3D облоги на крило и италијански оков. Изработени со дупло полнење за подобра звучна изолација.
Сите станови ќе бидат со ексклузивна електрична галантерија од реномираниот француски производител LEGRAND! Во изведбата на целиот објект се користат исклучиво квалитетни и сертифицирани електрични кабли од европско потекло. За поголема безбедност се инсталира и пренапонска заштита на целиот комплекс!
Сопствено подно греење со дигитален дисплеј во секоја соба и бања за индивидуална регулација на температурата. Зголемен комфорт и комоција согласно личните потреби и модерниот концепт на живот.
Во секој од становите има веќе вградена инсталација за климатизација.
Во секој стан ќе има поставено најнов модел на ВИДЕОФОН со 10“ дисплеј на допир!
Надворешни ѕидови со 10cm тврдо-пресован стиропор за исклучителна топлотна изолација! Дополнителни 10cm камена волна на внатрешните ѕидови за зголемена звучна и топлотна изолација помеѓу становите на спрат!
Подовите се наместени со ПРВА КЛАСА ТРИСЛОЕН паркет со висока заштита од оштетување!
Влезниот портал, кујната и бањата се обложени со ПРВА КЛАСА италијански плочки по сопствен избор на купувачот!
Бањите и купатилата се опремени со високо квалитетна санитарија од повеќе познати европски производители!
Плафоните на ходниците на сите спратови се изработени со спуштен гипс-картон и вградени лед светла и озвучување.
Ѕидовите на ходниците се целосно покриени со висококвалитетни 3D тапети, додека просторот околу лифтовите и сите подови и скалила се обложени со првокласен мермер на сите нивоа.
Инсталација на највисоко ниво на БЕЗБЕДНОСЕН СИСТЕМ на домовите. Влез со картичка или шифра на секој спрат посебно! Вградени 20 камери низ целиот објект заедно со 24 часа обезбедување и портирска служба за најдобра заштита на станарите и нивната сопственост!
Инсталација на ПРОТИВПОЖАРЕН СИСТЕМ според најстроги ЕУ стандарди. Противпожарни стаклени врати на секој спрат посебно, како и дополнителен противпожарен ТУНЕЛ на кровот на објектот за најголема сигурност на станарите!
Во изведбата на објектот се користат најнови еколошки материјали и технологии со светски сертификати во секоја фаза од изградбата!
Завршетокот на градбата се очекува да биде:
Фаза 1 – пролет 2019
Фаза 2 – пролет 2020
Најповолен КРЕДИТ за купување на стан со 10-годишна фиксна каматна стапка од 4% во соработка со ПРОКРЕДИТ БАНКА, една од најдобрите банки во Македонија!
Вашиот дом во единствениот ПРЕМИУМ комплекс во Македонија!

0
м2 Станбен простор
0
Станови
0
м2 Деловен простор
0
Паркинг места

Станови и нивни планови

Видео од изградба

КОНТАКТ

Bisi Apartments
ул. Лондонска бб, наспроти ТЦ City Mall
Телефон: 070 410 014
Email: ivicamk@gmail.com

КОНТАКТ